Бришење на издавачот Фабрика Карпош АД Скопје од „Листата за набљудување“
петок, 20 ноември 2020

Ве известуваме дека на 20.11.2020 година Берзата изврши бришење на издавачот Фабрика Карпош АД Скопје од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот Градежен Институт АД Скопје. 

Фабрика Карпош АД Скопје беше внесена на 11.11.2020 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од страна на Градежен Институт АД Скопје.